Мегваер во одбрана на Пикфорд: Не заслуживме пенал

Мегваер во одбрана на Пикфорд: Не заслуживме пенал

пред 4 години

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер призна дека неговиот тим не бил оштетен за пенал откако голманот на Евертон, Џордан Пикфорд беше критикуван за уште еден „опасен“ старт против дефанзивецот.

Јунајтед си заминаа од „Гудисон парк“ со 3:1 победа, но една од темите на разговор беше ударот кој го доби Мегваер од Пикфорд во второто полувреме, за што судијата Мајкл Оливер не досуди пенал. Мегваер вели дека ова е вистинска одлука и застана во одбрана на Пикфорд, кој беше нападнат за стартот минатиот месец со кој го повреди Вирџил ван Дајк од Ливерпул.

„Не, тоа не беше пенал. Јас го фаулирав Џордан прв бидејќи му поставив рака на градите кога сакаше да ја фати топката. Немаше да биде фер да се досуди пенал“, вели Мегваер.

Мегваер, конечно, имаше добра партија за „ѓаволите“ за да се намали притисокот на менаџерот Оле Гунар Солскјер по поразите од Арсенал и Башакшехир.

„Понекогаш е тешко за момците, но сега реагиравме добро на два слаби резултати. Мислевме дека сме на добар пат по 5:0 победата над Лајпциг, но потоа одигравме разочарувачки со Арсенал и против Башакшехир“, додава Англичанецот.

Пикфорд нема да оди на дисциплинска

Share
Scroll to Top