УФЦ: Мечот Чимаев-Едвардс е откажан, Чеченецот страда од КОВИД-19

УФЦ: Мечот Чимаев-Едвардс е откажан, Чеченецот страда од КОВИД-19

пред 3 години

Очекуваната пресметка во велтер категорија помеѓу Хамзат Чимаев и Леон Едвардс на УФЦ Фајт најт во Абу Даби на 20 јануари е откажана откако медицинските тестови покажаа дека Швеѓанецот со чеченско потекло, Чимаев уште не е целосно опоравен од КОВИД-19.

Чимаев, кој стана ММА сензација со три спектакуларни победи во 2020, имал позитивен тест на КОВИД-19 на почетокот на декември, и иако потоа продолжи со тренинзите и се чувствуваше добро, рентгенските снимки на неговите бели дробови покажале дека тој не е задоволително опоравен.

За Едвардс, пак, ова е трета пропуштена шанса за голем меч во 2020 – прво пропушти меч со Тајрон Вудли во Лондон во март, потоа не доби шанса за титулата против Камару Усман, за првично мечот со Чимаев да биде презакажан откако тој доби КОВИД-19.Леон

Share
Scroll to Top