Циципас и Медведев закажаа фантастично четврт-финале во Париз

Циципас и Медведев закажаа фантастично четврт-финале во Париз

пред 3 години

На петтиот носител Стефанос Циципас му беа потребни само 2 часа и 7 минути да стигне до рутинска 6:3/6:2/7:5 победа над Пабло Карењо Буста за пласман во четврт-финалето на Ролан Гарос.

Циципас, кој е во спотивниот дел од ждрепката од 13-кратниот шампион Рафаел Надал и светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ, сега мора да се смета за еден од фаворитите за пласман во финалето, победувајќи го искусниот Карењо Буста, кој е двократен четврт-финалист на Ролан Гарос.

Негов следен противник е вториот носител, Русинот Данил Медведев, кој конечно почна да игра добро на земја, откако со 6:2/6:1/7:5 го победи Чилеанецот Кристијан Гарин.

25-годишниот Медведев има 6-1 скор во кариерата против 22-годишниот Грк, вклучувајќи ја победата во три сета на Австралија опен оваа година. На земјена подлога, тие имаат одиграно само еден меч, во Базел во 2018 година, кога победник беше Русинот во три сета.

Share
Scroll to Top