Солскјер: Не смее да се повтори конфликтот Мегваер-Рашфорд

Солскјер: Не смее да се повтори конфликтот Мегваер-Рашфорд

пред 3 години

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека неговите фудбалери мораат да престанат да ја искажуваат фрустрацијата на фудбалскиот терен, по вербалната расправија меѓу капитенот Хери Мегваер и напаѓачот Маркус Рашфорд минатата недела.

Двајцата соиграчи од англиската репрезентација беа на насловните страници на таблоидите откако при 0:0 ремито со Кристал палас во средата си разменија остри зборови. Мегваер му приговараше на Рашфорд за тоа што „дреме во офсајд“, по што напаѓачот му порача да замолчи и да оди да се „е.е“. На Солскјер тоа не му се допаѓа.

„Понекогаш работите зовриваат на фудбалскиот терен и се претвараат во фрустрации и мора да го спречиме тоа. Сакаме да победиме, но тоа не смее да влијае на нашата желба за да се игра добро. Самодовербата не смее да влијае на тимскиот дух“, вели Солскјер.

Мегваер вели дека не постојат лоши односи.

„Сега се слушаат тие работи бидејќи нема публика на стадионите. Но, ние секогаш викаме еден на друг во текот на мечевите. Имам целосна почит кон Маркус и тој има целосна почит кон мене. Воопшто не се конфронтиравме по мечот, бидејќи тоа се случува“, изјави Мегваер.

Share
Scroll to Top