Лампард открил кој му е прв голман

Лампард открил кој му е прв голман

пред 3 години

Менаџерот на Челси, Френк Лампард, рекол дека Едуард Менди веќе го стекнал статусот на прв голман во тимот.

„Во овој момент е наш прв голман, покажа квалитет“, рекол Лампард по синоќешните 0:0 со Севилја во Лигата на шампионите.

Менди во финишот на преодниот рок во Челси пристигна од Рен. „Сините“ за неговиот трансфер издвоија 30.000.000 евра.

„Беше добар, два натпревари не примил гол. Како што стојат работите тој е наш прв голман, но сепак за тоа место се уште се води голема борба. Задоволен сум како бранеше“, дополнил Лампард.

Кепа Аризабалага заврши на клупата за резерви откако имаше лош настап против Саутемптон (3:3).

Share
Scroll to Top