Пред пет години Клоп славеше реми со ВБА, сега беше бесен на тактиката на Алардајс

Пред пет години Клоп славеше реми со ВБА, сега беше бесен на тактиката на Алардајс

пред 3 години

Пред пет години, Јирген Клоп и Ливерпул беа предмет на потсмев на социјалните мрежи откако по 2:2 ремито со Вест Бромвич Албион, обезбедено во последните минути од мечот, германскиот тренер ги натера играчите да прославуваат пред навивачите на „Енфилд“.

Сега, при денешното 1:1 реми со нископласираниот тим, Клоп доби жолт картон за бурната расправија со судијата Кевин Френд, а по мечот изјави дека бил зачуден од тактиката на Сем Алардајс, иако призна дека ВБА го заслужиле поенот.

„Мислам дека никој не очекува тим да игра како што играа Вест Бром во првото полувреме, со 6-4 формација или што беше она. Мислам дека игравме добро. Требаше да дадеме гол и наша вина е што имаме еден наместо три поени. Тешко се игра со 10 играчи во одбрана. Да бидеме фер, Вест Бром ја завршија својата работа и го заслужија поенот, бидејќи не го завршивме мечот на време“, вели Клоп.

Вест Бром извлече поен на „Енфилд“ за понеизвесна Премиер лига

Share
Scroll to Top