НБА и Асоцијацијата на кошаркарите постигнале договор новата сезона да почне на 22.декември. Двете страни договориле сезонава сите клубови да се одиграат 72 натпревари, десет помалку од вообичаеното.
На состанокот во Њујорк, НБА и Асоцијацијата на кошаркарите постигнале договор за „селери-капот“, за намалувањето на платите на кошаркарите и за периодот во кој слободните играчи ќе можат да преговараат со заинтересираните клубови.
Слободните играчи ќе можат да преговараат од 20.ноември, а од 22.ноември до 22.декември, ќе трае периодот во кој тие ќе можат да потпишуваат договори.
NBA and NBPA agree on 2020-21 season start and adjustments to CBA.https://t.co/HOaa1V9q8U pic.twitter.com/Z9m0OG8KI8
— NBA (@NBA) November 10, 2020