Гасперини: Нема да одиме во Мадрид на туристичка прошетка!

Гасперини: Нема да одиме во Мадрид на туристичка прошетка!

пред 3 години

Реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Аталанта на програмата е во вторник од 21 часот, а кормиларот на тимот од Бергамо, Џан Пјеро Гасперини по минималниот пораз од 1-0 на домашен терен вели дека неговите избраници нема да одат на туристичка прошетка во Мадрид.

„Не одиме во Мадрид на туристичка прошетка. Резултатот од првиот меч е негативен и ако сакаме понатаму, мора да направиме пресврт. Во првиот меч игравме 10 на 11, тоа беше болно за нас. Не можевме да напаѓаме и да играме како што знаеме. Се браневме. Ќе видиме како ќе се отвори реваншот, но верувам дека мојот тим ќе знае како да одговори на овој предизвик“ рече Гасперини.

Аталанта синоќа ја победи Специја со 3-1, па сега „сино-црните“ се со нови 3 бода, важни за пласман на место кое и идната сезона ќе им донесе пласман во ЛШ.

Share
Scroll to Top