Роналдо го сруши Чави по бројот на победи со репрезентација

Роналдо го сруши Чави по бројот на победи со репрезентација

пред 3 години

Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо по вчерашната победа на својата селекција на „Пољуд“ против Хрватска со 3-2 го запиша 101-от триумф во дресот со националниот грб и така се најде на третата позиција на вечната листа на играчи кои имаат најмногу победи со репрезентацијата.

Роналдо на третата позиција на таа иста го сруши поранешниот играч од средниот ред на Шпанија, Чави Ернандес, а пред него се уште има двајца шпански фудбалери, едниот активен, другиот поранешен голман.

Икер Касиљас со Шпанија стигнал до 121 победа во кариерата, а убедливо на првото место е Серхио Рамос кој синоќа на дебаклот против Германија го забележа 130-тиот триумф со „Фуријата“.

Роналдо и Рамос се во трка, Шпанецот има голема предност, а и двајцата засега не размислуваат за „пензија“

Share
Scroll to Top