Баер го запре Ајнтрахт и ја „замрси“ борбата за ЛШ

Баер го запре Ајнтрахт и ја „замрси“ борбата за ЛШ

пред 3 години

Баер Леверкузен го совлада тимот на Ајнтрахт Франкфурт во 31. коло од Бундеслигата со 3-1 и на тој начин дополнително ги закомпликува работите поврзани со пласманот во Лигата на шампиони за идната сезона.

Сите 4 гола на мечот паднаа во последните 20 минута. Најпрво домашните поведоа со голот на Бејли во 70 минута.
Аларио зголеми на 2-0 во 80 минута, по асистенцијата на Бејли.

Најдобриот стрелец на Ајнтрахт сезонава, Португалецот Андре Силва во 91 минута погоди за 2-1, а кончниот резултат го постави Демирбај минута подоцна.

На 3 кола пред крајот на првенството Волфсбург на третата позиција има 57 бода, Ајнтрахт е четврти со 56, а Борусија Дортмунд е на петтата позиција со 55 бода.

Share
Scroll to Top