Тод: Дали Шумахер е свесен за наредокот на својот син? Тоа е приватна работа

Тод: Дали Шумахер е свесен за наредокот на својот син? Тоа е приватна работа

пред 3 години

Претседателот на Светската автомобилистичка организација (ФИА), Жан Тод, за холандски „Телеграф“, говорел за здравствената состојба во која се наоѓа Михаел Шумахер. Седумкратниот светски првак од пред неколку месеци лекувањето го продолжи во Мајорка.

Тод подолг период тврди дека често го посетува Шумахер, но не одговорил директно на прашањето дали Михаел е свесен за напредокот на својот син Мик.

„Нема да зборувам за тоа. Нема да навлегувам во детали, тоа е негова приватна работа“, рекол Тод, а потоа во свое име го коментирал напредокот на Мик Шумахер, која наредната сезона би можел да вози во Формула 1. Се шпекулира дека би можел да вози за тимот на Хас.

„Мик е млад, талентиран возач. Има големо презиме, но сепак му треба време. Прерано е да кажеме дали е талентиран како својот татко, или како Луис Хамилтон и Макс Ферстапен. Тоа се уште не го знаеме“.

Мик Шумехер во моментов е лидер во генералниот пласман во Формула 2.

Share
Scroll to Top