Домашни принцес крофни - Reporter.mk

Домашни принцес крофни – Reporter.mk

пред 4 години

Потребни состојки:

100 мл масло
200 мл вода
6 лажици остро брашно
3 јајца

Фил:

500 мл млеко
2 пудинг од ванила
5 лажици шеќер или по вкус
125 г маргарин/путер
50 г шеќер во прав
1 ќесичка шлаг

Начин на подготовка:

Во тенџере на оган ставете 100 мл масло помешано со 200 мл вода. Кога ќе зоврие во смесата додадете 6 лажици остро брашно, па убаво промешајте и соединете во тесто. Оставете го на страна целосно да се олади, па во смесата додајте 3 јајца, едно по едно матејќи со миксерот по околу една минута или додека да се впие секое јајце во тестото.

Наполнете го шприцот со смесата, па правете мали крофни во плех обложен со хартија, на определено растојание, зошто при печењето ќе пораснат. Ако немате шприц, можете да направите крофни со лажица. Ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Не ја отворајте вратата од рерната за да не спласнат.

Во меѓувреме подгответе го филот. Во малку млеко растворете го прашокот од пудингот, а остатокот со шеќерот ставете го на оган. Кога ќе зоврие млекото намалете ја температурата, па постепено додајте го растворениот пудинг и постојано мешајте додека да зусне. Оставете го целосно да се олади. Во друг сад пенасто изматете го омекнатиот путер со шеќерот во прав. Додека матите, лажица по лажица додавајте го изладениот пудинг. Во посебен сад изматете еден шлаг според упатството.

Печените и изладени крофнички пресечете ги на половина, ставете малку од филот, па шлаг, затворете ги и одозгора декорирајте ги со топено чоколадо или шеќер во прав.

Share
Scroll to Top