Леброн Џејмс пред неколку месеци вложил милиони долари во фудбалската Суперлига

Леброн Џејмс пред неколку месеци вложил милиони долари во фудбалската Суперлига

пред 3 години

Основањето на Суперлигата од 12-те моќни клубови и понатаму е тема број еден во светот. Страстите не се смируваат по одлуката на неколкуте големи моќни европски фудбалски клубови, да направат своја лига, во која само тие ќе играат.

Поголемиот дел од јавноста е апсолутно против ваквата замислена лига, но, не и еден од најдобриоте кошаркари во светот, Леброн Џејмс, кој, како што пренесуваат медиумите, има дадено големи пари за да се оствари овој план.

Џејмс е еден од сопствениците во клубот Ливерпул, кој беше планирано да игра во оваа лига. Американскиот пристап на спорт е нешо на кое Леброн го работи низ својата компанија  Red bird.

Сопственикот на Ливерпул е американската група Fenvej. Taa во 2010 година го купи клубот од Американците Џорџ Џилет и Том Хикс, кој не се прославија како сопственици.

Групата Fenvej, е сопственик и на безбол клубот „Бостон ред сокс“. Токму оваа компанија на Леброн Џејмс станала малцински сопственик и тоа само пред месец дена, поточно на средината на март оваа година.

Џејмс од 2011 година има два проценти акции во Ливерпул, кој ги купил за околу пет милиони евра. Сега Џејмс, заедно со неговиот партнер Маверик Картер, низ фирмата Red bird, го зголемил тој влог. Според соопштението на групата Fenvej, фирмата на Леброн вложила 750 милиони долари инвестиции во овој спорт, пред сè во фудбалскиот клуб Ливерпул.

Од горе наведеното е јасно дека славниот кошаркар имал интерес Суперлигата да заживее, но за негова жал, проектот пропаднал.

 

 

Share
Scroll to Top