Дони ван де Бек можеби не е стартер за Манчестер јунајтед, но очигледно е многу ценет во Холандија, откако ги спаси „оранје“ од пораз во пријателскиот меч со Шпанија (1:1). Португалија ја „прегази“ Андора со 5:0, Италија со 3:0 ја победи Естонија, додека Германија со минимални 1:0 ја совлада Чешка.
Шпанците во Амстердам стигнаа до рано водство, откако Алваро Мората му асистираше на Серхио Каналес во 19. минута за водство на „фуријата“. Ван де Бек, кој беше стартер во 47. минута ја искористи лошата реакција на одбраната на гостите за да израмни.
Во Лајпциг пак, Германија со голот на Џанлука Валдшмит стигна до 1:0 победа над Чешка, а Италијанците со 3:0 го совладаа аутсајдерот Естонија со два гола на Винченцо Грифо и прекрасен удар на Федерико Бернардески. Португалија исто така имаше лесна задача со Андора, совладувајќи ја со 6:0, во меч во кој Кристијано Роналдо одигра едно полувреме и постигна еден гол.
Белгија во интересен меч се врати од раната негатива за со двата гола на Мичи Батшуаи да стигне до 2:1 победа над Швајцарија.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ
Данска – Шведска 2:0
Луксембург – Австрија 0:3
Белгија – Швајцарија 2:1
Италија – Естонија 4:0
Холандија – Шпанија 1:1
Германија – Чешка 1:0
Полска – Украина 2:0
Португалија – Андора 7:0
Словенија – Азербејџан 0:0
ХОЛАНДИЈА – ШПАНИЈА
ГЕРМАНИЈА – ЧЕШКА
ИТАЛИЈА – ЕСТОНИЈА
ПОРТУГАЛИЈА – АНДОРА
БЕЛГИЈА – ШВАЈЦАРИЈА
ПОЛСКА – УКРАИНА
ДАНСКА – ШВЕДСКА