Македонија се пласира на Европското првенство 2021 година

Македонија се пласира на Европското првенство 2021 година

пред 4 години

Репрезентацијата на Македонија за првпат успеа да се пласира на едно eвропското првенство. Со победата на Грузија од 1:0, вечерва на „Динамо арена“ во Тбилиси селекторот Игор Ангеловски и неговите фудбалери изборија пласман на Европското првенство 2021 година.

Херојот за Македонија беше Горан Пандев, кој по мајсторската акција на Елмас и Нестеровски, успеа да го постигне најзначајниот погодок во неговата кариера.

Европското првенство ќе се игра од 12 јуни до 12 јули следната година, а домаќини ќе бидат 12 градови во исто толку држави. Македонија ќе биде дел од Ц-групата и ќе дебитира на 13 јуни против Австрија, на мечот што ќе се игра во Букурешт.

Share
Scroll to Top