Роби Вилијамс откако драстично ослабе откри дека боледува од психолошко пореметување

Роби Вилијамс откако драстично ослабе откри дека боледува од психолошко пореметување

пред 10 месеци

Пејачот Роби Вилијамс откри дека боледува од психолошко пореметување – телесна дисморфија, поради што никогаш не научил вистински да го сака својот изглед.

„Би можел да напишам книга за чисто самозагрозување кога е во прашање сликата за моето тело. Страдам од телесна дисморфија, можете да замислите што гледа мојата психа. Можеби не можеш. Во секој случај, тоа е  катастрофа“, изјавил Вилијамс.

Пејачот неодамна драстично ослабе, па се пофали со новиот изглед. Некои обожаватели го критикуваа Роби дека сега е премногу слаб и изразија загриженост за неговото здравје.

„Во моментов сум слаб, но сега размислувам: „Одлично, Роб, успеа да ослабеш и сега си стар. Борбата е реална, тагата шокантна. Ги имам цел живот. И нема да попуштам“, напиша пејачот.

„Прифаќањето себеси понекогаш изгледа тешко и невозможно. Како и да е, не сакам никакви комплименти. А ако некој друг се препознае во зборовите што ги напишав, можеби тоа ќе ни помогне и на двајцата“, вели пејачот.

Share
Scroll to Top