Хамилтон бесен во Истанбул: Подлогата е ср.ње со големо С!

Хамилтон бесен во Истанбул: Подлогата е ср.ње со големо С!

пред 4 години

Враќањето на Формула 1 на патеката Истанбул парк, која беше омилена кај поголем дел од возачите, не помина најдобро за светскиот шампион Луис Хамилтон, кој ја опиша асфалтната подлога како „ср.ње со големо С“.

Истанбул доби „итна“ трка оваа сезона во Ф1, враќајќи се на календарот по девет години, и организаторите неодамна повторно ја асфалтираа, а чистењето пред првите тренинг сесии во петокот предизвика проблеми за возачите, за кои патеката беше едноставно прелизгава. Хамилтон, кој во Турција може да го израмни рекордот на Михаел Шумахер со обезбедување на седмата светска титула, беше само четврти на тренинзите и не штедеше на зборови.

„Патеката е како да има влажни делови на неа. Кога си на мазни гуми и забрзуваш, оди премногу брзо. Поради некоја причина оваа нова подлога е премногу мазна. Сега е премногу рамна и блескава. Не знам дали маслото излегува од асфалтот. Но, ср.ње е со големо С“, изјави Хамилтон.

Тој претходно имаше победа со Мекларен во Турција во 2010.

„Патеката е навистина фантастична и не сфаќам што се случува бидејќи потрошија милиони да стават нова подлога. Знам дека не сме се тркале тука одамна и можеа само да ја зачистат наместо да трошат пари. Сега патеката е полоша од Портимао, каде што воопшто не возевме. Како да си на лизгалница и не можеш да уживаш во кругот“, додава Хамилтон.

Share
Scroll to Top