(Видео) Костадинов: Цел демократски свет ја осуди Бугарија, само ВМРО-ДПМНЕ се радува

пред 4 години

Одлуката за неодобрување на преговарачката рамка од страна на Бугарија, наиде на осуда и несогласување од целата Европска Унија, од целиот демократски свет, но таквата постапка на Бугарија, наиде на радост, на славје и еуфорија во ВМРО-ДПМНЕ, предводена од губитникот Христијан Мицкоски, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Доколку има барем малку одговорност за интересите на граѓаните во белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ, да престанат да се радуваат на тешките моменти во кои се наоѓа државата. Ова е момент кога одредени национални прашања ги надминуваат границите на обичните партиски пресметки“, порача Костадинов.

Како што рече тој, ако не сакаат и не можат да помогнат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ барем не треба да одмагаат.

„На им успеаја блокадите да се врати демократијата и слободата во нашата држава. Не им успеаја очајните обиди со блокади и деструкција да го загрозат пристапувањето во НАТО. Нема да им успеат ниту овие обиди, заради ситен партиски профит, да ја оддалечат државата од интеграција во ЕУ“, рече портпаролот на владејачката партија.

Воедно порача дека Владата во духот на дијалогот и силата на аргументите ќе продолжи да бара решение за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Share
Scroll to Top