(Видео) Славески: Ковачевски предложи комплициран модел којшто не гарантира намалување на цената на горивата

пред 2 години

Професорот Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека предлогот на премиерот Ковачевски за намалување на цената на горивата и ДДВ-то претставува комплициран модел, кој граѓаните не го ни разбрале, а кој не ни гарантира намалување на цената на горивата.

„ Наместо да го прифати предлогот за намалување на акцизата кај нафтените деривати, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, со што цената на бензинот од утре би се намалила за 13 денари, а на дизелот за девет денари, премиерот Ковачевски денес предложи комплициран модел за намалување на акцизата кој не само што не го разбра јавноста, туку и не гарантира дека ќе придонесе за намалување на малопродажната цена на горивата.

Што да се каже за мерката намалување на ДДВ за централното греење, електричната енергија и одредени видови основни животни намирници. Ако мерката за намалување на акцизата е премалку, ова намалување на ДДВ сигурно доаѓа предоцна. Покрај ова, некои мерки кои одамна се во сила, беа промовирани како нови, како што е на пример додатокот за енергетска сиромаштија кај примателите на социјална помош и слично“ рече Славески.

Според него, ДУИ и СДСМ и сега покажувале целосна отсутност од реалноста, што ја однело Македонија во толку длабока криза. Тој нагласи дека тие кои се главните предизвикувачи на кризата, не може да бидат дел од решението.

Share
Scroll to Top