Евертон по фуриозниот старт на Премиер лигата и падот на формата, се врати на победите со 3:2 победа на гостувањето кај Фулам. Пред овој меч, тимот на Карло Анчелоти загуби три натпревари во низа, но стартот на „Крејвен котиџ“ ветуваше. Доминик Калверт-Луин уште во првата минута ги донесе „карамелите“ во водство, но Фулам врати преку Боби Рајд во 15. минута. Калверт-Луин ја продолжи фантастичната форма со нов гол во 29. минута, пред Дукуре да зголеми на 1:3 во 35. минута. Второто полувреме почна во знакот на Фулам, кои бркаа резултат и во 68. минута имаа совршена шанса кога беше досуден пенал, меѓутоа наместо редовниот изведувач Александар Митровиќ (кој утна пенал за Србија во баражот за ЕП), Иван Кавалиеро не се прослави. Сепак, две минути подоцна Рубен Лофтус-Чик постигна гол за 2:3, а до крајот на мечот домаќините не успеаја да стигнат до поен. Ова беше седми пораз во девет меча за Фулам, кои се на 16. место на табелата, додека Евертон сега се шести со 16 поени, четири помалку од лидерот Тотенхем.
Евертон, конечно, ја прекина лузерската серија
пред 4 години