Најголемите стравувања на навивачите на Барселона се остварија, откако клубот потврди дека практично останува без централни дефанзивци, откако Серхи Роберто ќе паузира најмалку два месеци, додека паузата на ветеранот Жерард Пике може да трае дури шест месеци. 33-годишниот Пике доби повреда на лигаментите во своето десно колено, иако во Барса се надеваа дека се работи само за истегнување на мускулите. Според проценките за ваква повреда е потребна рехабилитација од три до пет месеци, а во најлошо сценарио и до половина година. Во Пике, иако веќе во години, Барса имаа вистински лидер во одбраната. Серхи Роберто, пак, ќе паузира два месеци откако има повреда на бутниот мускул, односно скинат мускул, со што Барселона останува со само еден бек во тимот, Клемен Ленгле, бидејќи Роналд Араухо уште се опоравува од повредата, исто како и Самуел Умтити. Барселона не успеа да го донесе Ерик Гарсија од Манчестер сити во јануари и сега ги очекува ново неопходно засилување во зимскиот преоден рок. Краткорочно, опцијата на Роналд Куман е да го врати Френки де Јонг во одбраната, или да повика фудбалери од Б-тимот.
Барса во дефанзивна криза – Пике во аут шест месеци, Серхи Роберто „само“ два?
пред 4 години