Сандхаген со најбруталниот УФЦ нокаут во 2021

Сандхаген со најбруталниот УФЦ нокаут во 2021

пред 3 години

Кори Сандхаген го имаше убедливо најдобриот нокаут во 2021 година, откако по само 28 секунди од мечот во Лас Вегас го прати поранешниот УФЦ шампион во лесна категорија, Френки Едгар на подот со брутален удар со колено во глава.

Ова беше само втор удар во мечот на Сандхаген и признава дека бил малку загрижен кога го видел противникот како останува на подот подолго време.

„Да, чувството беше добро, но човеку, тоа е Френки Едгар. Не сакам да гледам да му се случува тоа. Но, од друга страна, подобро тој отколку јас. Тоа е спортот во кој сме“, изјави 28-годишниот Сандхаген, кој сега има 9 победи во последните 10 меча и е на 3. место на рејтинг-листата во бантам категорија.

Тој, секако, го доби бонусот од 50.000 долари за најдобар меч оваа вечер.

Share
Scroll to Top