Митровски на проба во Партизан

Митровски на проба во Партизан

пред 3 години

Димитар Митровски (22), поранешен младински репрезентативец на Македонија, тренира со првиот тим на Партизан. Доколку успеа да го импресионира тренерот, Александар Станојевиќ, Митровски ќе потпише договор со овој клуб, објави „Телеграф“.

Митровски, како слободен играч, пристигна во Белград. Партизан може во секое време да потпише договор со него.

Играчот кој кариерата ја започна во Работнички, претходно, играше за Б-тимот на протугалскиот шампион, Спортинг Лисабон.

„Телеграф“, пишува дека Митровски не се наоѓа во добра кондиција, што може да му биде голема пречка во остварувањето на неговата желба.

Share
Scroll to Top