Започнува Скопска фото недела, врвни фотографи и кинематографи ќе ги споделат своите искуства

пред 4 години

Mеѓународниот настан Скопска Фото Недела започнува денеска во 15 часот.

Настанот кој оваа година се одржува по петти пат ги носи најдобрите фотографски и кинематографски имиња кои на македонската јавност ќе и ги пренесуваат своите искуства бесплатно.

Заради коронавирусот настанот ќе со одржува онлајн, а граѓаните ќе може да го следат на следниов линк.

Во рамките на Скопската фото недела беше организиран и натпревар. До крајот на рокот биле пристигнати над 850 инстаграм фотографии споделени на хаштагот #SPW2020 и 450 апликации преку електронска пошта.

Деветчленото жири ќе додели една од наградите во вкупна висина од 100.000 денари, за што од организаторите потенцираат дека јавностга ќе биде дополнително информирана.