Ибрахимовиќ за десет дена на нови прегледи

пред 4 години

Златан Ибрахимовиќ со два гола им ја донесе победата на Милан, во Неапол (3:1), меѓутоа поради повреда не го заврши натпреварот. Клубот, во понеделникот, соопшти дека Ибрахимовиќ ја повредил препоната, лекарите му препорачале да мирува десет дена, а потоа повторно ќе биде прегледан. Претпоставките се дека ветеранот ќе отсуствува од фудбалските терени три до четири недели. Ова значи дека тој ќе ги пропушти дуелите со Лил и Селтик во Лига Европа, односно со Фиорентина во Серија А.

Share
Scroll to Top