396 санкционирани возачи во Скопје

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 396 мерки, меѓу кои 46 за возење без возачка дозвола, 27 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 20 мерки за недавање првенство на пешаци. Изречени се 14 санкции за користење на мобилен телефон и 49 мерки на прекршоци направени од пешаци. За непрописно паркирање изречени се 87 мерки, а изречени се 54 мерки за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Share
Scroll to Top