Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад

пред 2 години

Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(61) од Скопје и против правно од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, казниво по Кривичниот законик, информира полицијата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Имено првопријавениот, како сопственик и управител на правното лице, во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини во с.Љубош, неовластено тргувал со отпад без да поседува дозвола за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, со што постои основано сомнение дека првопријавениот и второпријавениот го сториле кривичното дело што им се става на товар.

Share
Scroll to Top