СДСМ: Попис на населението ќе има напролет, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат

пред 3 години

„СДСМ и парламентарното мнозинство се посветени на носење на Законот за попис со кој во 2021 година ќе се одржи попис кој е неопходен за развојот на државата.Со предлог Законот за попис, имаме за цел, оваа статистичка операција, сега и во иднина да не се третира веќе како политичко прашање.Тој погрешен концепт на ВМРО ДПМНЕ, пописот да биде политичка операција се потврди како погрешен во 2011 година и затоа пописот пропадна и залудно се потрошија народни пари“, соопшти СДСМ.

Според партијата, неконструктивната опозиција и сега е против одржување на попис. Деструктивната ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски нема што друго да понуди, па само прави блокади.

„Во Собранието ВМРО-ДПМНЕ ги блокира дополнувањата на Деловникот ги блокира измените на Законот за здравствена заштита, Законот за внатрешни работи, едноставно опозицијата блокира се што е во интерес на граѓаните и државата.
Нашата држава е единствена во регионот и пошироко, која нема организирано попис 18 години.Релевантни и точни статистички податоци за нашето население им се неопходни на граѓаните, институциите, бизнисот и науката, неопходни се за развојот и растот на економијата.Затоа попис напролет ќе има.СДСМ ќе продолжи да работиме за доброто на сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами, блокирани, изолирани во белата палата во стечај, да ги бројат своите порази“, се додава во соопштението.

Share
Scroll to Top