Пашинијан: Јас сум одговорен за ситуацијата во Нагорно-Карабах

пред 4 години

Ерменскиот премиер Никола Пашинијан изјави дека е одговорен за ситуацијата во Нагорно Карабах.

„Живееме во многу тешки времиња, но мора да ги преживееме овие тешки времиња и да живееме со последиците“, рече тој на состанокот на Владата, нагласувајќи дека како премиер на таа земја ја презема целосната одговорност за ситуацијата во Нагорно-Карабах, но и дека е одговорен за иднината на земјата, пренесува ТАСС.

Внатрешната и надворешната стабилност и безбедност се апсолутни приоритети, рече Пашинијан, додавајќи дека ерменската влада мора да го анализира развојот на настаните и да им ја каже вистината на луѓето.

Share
Scroll to Top