Во Србија 2.559 новозаболени од коронавирус, 43 починати

пред 3 години

Во последните 24 часа 11.190 лица биле тестирани на коронавирусот во Србија, 2.559 од нив биле позитивни, додека починале 43 лица.

Во моментов 288 пациенти се приклучени на апарати за дишење, а 9.728 заразени лица се хоспитализирани низ целата земја.

Стапката на смртност изнесува 0,93%.

Од почетокот на епидемијата, регистрирани се вкупно 328.619 случаи на инфекција, а тестирани се 2.253.975 примероци. Се проценува дека короната ја прележал секој трет жител на Србија.

 

Share
Scroll to Top