Баербок: Русија намерно бомбардира болници и друга цивилна инфраструктура во Украина

пред 2 години

Шефот на германската дипломатија Аналена Баербок ја обвини Русија за воени злосторства во Украина и најави дека Европската унија ќе и обезбеди на украинската армија оружје во вредност од една милијарда евра за да и помогне да се брани.

Зборувајќи за новинарите во Брисел пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, таа рече дека ќе разговара за дополнителни мерки за зголемување на притисокот врз Русија за запирање на војната во Украина.

– Последните слики кои доаѓаат од Украина овие часови се потресни. Се гледа дека тие се повеќе ја бомбардираат цивилната инфраструктура, намерно бомбардираат болници во последните неколку дена и гаѓаат театри, иако знаеја дека луѓето и семејствата се засолниле во тие згради. Се разбира, за тоа мора да решат судовите, но за мене тоа се јасни и неспорни воени злосторства. Ние, како Европска унија и оние земји кои веруваат во меѓународен поредок заснован на правила, мора да преземеме дополнителни чекори за изолирање на овој режим – рече таа.

Таа понатаму рече дека членките на ЕУ ќе ја зголемат својата финансиска, хуманитарна и воена помош за Украина.

– Денеска ќе донесеме политичка одлука за дополнително да ја зголемиме нашата воена помош, ќе обезбедиме една милијарда евра за воени резерви, за да покажеме дека стоиме со цело срце со Украина, сакаме да го заштитиме цивилното население – рече таа.

Share
Scroll to Top