(Видео) Акција на руските маринци – спречен обид на пирати да заземат брод кај Африка

пред 3 години

Руското Министерство за одбрана ја пофали акцијата на своите маринци во близина на западниот брег на Африка. Тие тврдат дека ги избркале пиратите кои сакале да киднапираат транспортен брод и неговиот екипаж.

Вчера министерството објави дека рускиот уништувач Вицеадмирал Кулаков, класа Удалој, добил повик за помош од транспортниот брод МСЦ Луција, кој пловел под панамско знаме во заливот во близина на западниот брег на Африка, меѓу Того и Камерун.

Вооружените пирати, наводно, стигнале до бродот со глисер и се качиле на него, а екипажот се скрил во машинската соба.

Според руското министерство, од рускиот уништувач веднаш бил испратен хеликоптер Кумов Ка-27П со маринци.

Штом забележале дека се приближува воен хеликоптер, пиратите го напуштиле бродот, се качиле на глисерот и со полна брзина се упатиле кон брегот, соопшти Министерството.

Според властите, руските маринци слетале на МСЦ Луција со хеликоптерот, го ослободиле екипажот и почнале да го пребаруваат бродот за да се уверат дека на него нема повеќе пирати.

Share
Scroll to Top