Аргентина се збогува со Диего Марадона

Аргентина се збогува со Диего Марадона

пред 4 години

Откако е извршена обдукција врз телото на Диего Армандо Марадона, неговите посмртни останки се префрлени во претседателската палата во Буенос Аирес, каде реки од луѓе му одаваат последна почит на легендарниот фудбалер.

Ковчегот на на Марадона е покриен со државното знаме и со неговите дресови од Аргетнина и Бока јуниорс.

На сите им е дозволено на кратко да влезат во претседателската палата и да се поздрават со Ел Пибе.

Марадона е еден од најголемите, а според многумина и најголемиот фудбалер во историјата. Во Аргентина стекна статус на божество кога во 1986 година го однесе националниот тим до титулата светски првак.

Поради неговата смрт во Аргентина е прогласена тридневна жалост.



Share
Scroll to Top