Олимпик Марсеј – Најлошиот клуб во историјата на ЛШ

Олимпик Марсеј – Најлошиот клуб во историјата на ЛШ

пред 4 години

Олимпик Марсеј, европски шампион од 1992 година, од синоќа е најлошиот тим во историјата на Лигата на шампионите. Порто славеше над Олимпик со 2:0 што е 13 пораз за екипата од “Велодром“, во елитното натпреварување.

Последен пат во Лигата на шампионите, Олимпик Марсеј забележале победа во 2012 година. Во првиот осмина-финален натпревар на „Велодром“ падна Интер со 1:0. Од тој меч започнува црната серија на освојувачот, на девет шампионски титули во Франција.

Во реваншот Олимпик биле поразени 2:1, потоа го губат дво-мечот со Баерн Минхен, Потоа во 2015 година овој тим е поразен на сите шест натпревари во групната фаза, против Арсенал, Наполи и Борусија Дортмунд.

Оваа сезона, Олимпик, во групата е поразен од Олимпијакос, Манчестер сити и два пати од Порто.

„За да бидете ср..е во Лигата на шампионите, најпрвин мора да изборите пласман. Ние успеавме да се пласираме и навистина сме ср..е“, изјавил тренерот Андре Вилас-Боаш.

Share
Scroll to Top