Квартараро може да биде крунисан во Мизано

Квартараро може да биде крунисан во Мизано

пред 3 години

Фабио Квартатро, возачот на Јамаха, во недела може да стане светски првак во кралската класа, во Мото ГП. Францускиот возач сигурно ќе го детронизира актуелниот првак Жоан Мир, доколку победи на трката за Големата награда на Емилија Ромања.

Трката во Италија нема да биде важна само поради можното крунисување на Квартараро туку и поради Валентино Роси. Најтрофејниот во овој спорт, последен пат во кариерата ќе вози пред домашната публика, во Мизано.

„Докторот“, најави повлекување по завршувањето на сезоната.

Постојат уште неколку сценарија според кои Квартараро може да ја освои титулата на домашната патека на Роси. „Ел Диабло“, во трката ќе влезе со предност од 52 поени пред Франческо Бањаја. Ќе ја освои титулата и доколку заврши втор, а Бањаја не победи.

Ова се останатите сценарија:

– ако Фабио биде трет, Бањаја не треба да биде пред него
– ако Фабио биде четврти или петти, Бањаја не смее да биде меѓу најдобрите тројца
– ако Фабио биде шести или седми, Бањаја не треба да биде во Топ 4
– ако Фабио биде осми, Бањаја не треба да биде во Топ 5
– ако Фабио биде деветти, Бањаја не треба да биде во Топ 6
– ако Фабио биде десетти, Бањаја не смее да биде во Топ 7
– ако заврши на 11.место, Бањаја не смее да биде меѓу најдобрите осум
– ако заврши како 12., Бањаја не треба да биде во Топ 9
– ако биде на 13.место, Бањаја треба да биде надвор од Топ 10
– ако заврши на 14.место, Бањаја не треба да биде меѓу најбрзите 11
– ако го освои 15.место, Бања не треба да биде 12 или подобро пласиран
– доколку Фабио не освои ниту еден поен, Бањаја не треба да биде меѓу најдобрите 13.

Share
Scroll to Top