ЛЕ: Звезда и Динамо пред европска пролет, Милан никако против Лил

пред 4 години

Милан одигра само 1:1 на гостувањето кај францускиот Лил, за да ја продолжи неизвесноста во групата Х во Лига Европа, каде што Спарта Прага го „демонтираше“ Селтик со 4:1. Саму Кастилехо ги донесе „росонерите“ во водство во 46. минута, но Бамба во 65. минута со голот осигура Лил да остане на првото место на табелата со 8 поени, пред Милан со 7 и Спарта со 6 за неизвесни две последни кола во натпреварувањето. Црвена звезда пак, е на чекорот од обезбедување на нокаут фазата, откако вторпат го победи белгискиот Гент, овојпат на гости со 2:0 со головите на Петровиќ и Милуновиќ. Хофенхајм има четири победи во четири меча, откако со 2:0 го победи Либерец, но Звезда е на второто место со 9 поени. Динамо Загреб исто така е на добар пат да обезбеди европска пролет по 3:0 победата на гости кај австрискиот Волфсбергер, за да се на првото место во групата Х со 8 поени, пред Феенорд со 5 и Волфсбергер со 4. Во нокаут фазата сигурно се Арсенал, за кои контроверзниот Пепе се врати со гол за да помогне при 3:0 победата на гости кај Молде, нивна четврта победа во четири меча. ЛИГА ЕВРОПА, 4.КОЛО ГРУПА А ЦСКА Софија – Јанг Бојс 0:1 ГРУПА Б Молде – Арсенал 0:2 ГРУПА Г АЕК – Зорја Луханск 0:3 Брага – Лестер 3:3 ГРУПА Х Лил – Милан 1:1 Спарта Прага – Селтик 4:1 ГРУПА И Макаби Тел Авив – Вилјареал 1:1 Карабаг – Сиваспор 2:3 ГРУПА Ј ЛАСК Линц – Антверпен 0:2 ГРУПА К ЦСКА Москва – Феенорд 0:0 Волфсбергер – Динамо Загреб 0:3 ГРУПА Л Гент – Црвена звезда 0:2 Слован Либерец – Хофенхајм 0:2 ЛИЛ – МИЛАН МОЛДЕ – АРСЕНАЛ ЛИБЕРЕЦ – ХОФЕНХАЈМ

Share
Scroll to Top