Јоаким Лев не треба да се плаши за својата работа, откако Германската фудбалска федерација (ДФБ) потврди дека тој останува германски селектор барем до Европското првенство следната година. Лев веќе 14 години е на чело на „маншафт“, наследувајќи го Јирген Клинсман по СП во 2006 година, носејќи ги до финалето на Евро 2020 (каде што загубија од Шпанија), пред во 2010 да биде трет на СП, во 2012 да стигне до полуфиналето на ЕП, пред најголемиот успех, титулата од Светското првенство во 2014 (со победа над Аргентина). Но, оттогаш следуваше падот. Во 2016 тие стигнаа до ново полуфинале на ЕП, пред во 2018 на СП во Русија да загубат во групната фаза, по што тој ги исфрли од тимот искусните Томас Милер, Џером Боатенг и Матс Хумелс. Овој месец пак, дојде неверојатниот 6:0 пораз од Шпанија, по што ДФБ потврди дека ќе има „ревизија“ на неговото работење на денешниот состанок на бордот, но одлуката е тој да остане. „Президиумот на ДФБ во понеделникот преку телефонска конференција се согласи тренерот Јоаким Лев да продолжи со својата работа по советите на Оливер Бирхоф, директорот на националниот тим. Важно е да се зборува за поразот од Шпанија отворено, конструктивно и интензивно. Првата цел е остварена, пласманот на Евро 2021, останувањето во Лига А од Лигата на нации и заддржување на носителското место во квалификациите за СП и затоа довербата останува“, се објаснува во одлуката на ДФБ.
Нема зима за Лев – останува германски селектор
пред 4 години