Малку среќа, Нејмар… И ПСЖ води на „Олд Трафорд“

пред 4 години

Пари Сен-Жермен стигна до рано клучно водство на гостувањето кај Манчестер јунајтед во Лигата на шампиони, откако со малку среќа и со убавата реакција на Нејмар дојдоа во водство уште во шестата минута од мечот. По еден удар од далечина, топката дојде до Бразилецот, кој убаво го совлада Давид де Хеа. Во првиот меч во Париз, Јунајтед победи со 2:1. Во ваква ситуација, Јунајтед, ПСЖ и Лајпциг имаат по 9 поени пред последното коло – „ѓаволите“ гостуваат кај Лајпциг, а ПСЖ го пречекува Башакшехир. Le but de Neymar? pic.twitter.com/4GQlyrHVbF — NeymarFR (@NeymarFr_) December 2, 2020

Share
Scroll to Top