Почина дедото на Елиф Елмас, репрезентативецот денес доаѓа во Скопје

пред 3 години

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, синоќа, одигра околу 15 минути во убедливиот триумф на Наполи во дуелот со Рома (4:0). Елмас беше асистент за третиот гол, кој го постигна најдобриот стрелец во историјата на Наполи, Дрис Мертенс. Елмас, бил во протоколот за овој меч, се појави и на теренот, иако пред мечот ја добил информацијата дека починал неговиот дедо, објави „Инфоспорт.мк“ . Според овој медиум, Елмас, во текот на денот треба да пристигне во Скопје, тој добил дозвола од тренерот Џенаро Гатузо да присуствува на погребот.

Share
Scroll to Top