Роберто Карлос: Салах овојпат ќе „бега“ од Рамос

Роберто Карлос: Салах овојпат ќе „бега“ од Рамос

пред 3 години

Легендата на Реал Мадрид, Роберто Карлос вели дека новата пресметка на Реал и Ливерпул во Лигата на шампионите ќе биде интересна поради дуелот на Серхио Рамос и Мо Салах, оценувајќи дека египетскиот напаѓач овојпаат ќе бега подалеку од капитенот на „кралевите“.

Ова секако е потсетување на финалето од 2018 година, кога Реал стигна до 3:1 победа, а мечот беше одбележан со стартот на Рамос над Салах по кој тој повреден си замина од теренот.

„Салах овојпат нема да дојде ниту блиску до Серхио! Ќе се зборува многу за тоа. Ќе играме против добар тим, одлично е што прво играме дома и да го искористиме моментот за победа. Клучно ќе биде да нема повреди и Зинедин Зидан да ги има најдобрите на избор“, вели Карлос.

Share
Scroll to Top