Африканскиот куп ќе биде одложен?

Африканскиот куп ќе биде одложен?

пред 2 години

Челниците на Фудблската конфедерација на Африка, ја разгледувале можноста да го откажат 33.издание на Африканскиот куп, тврди Радио Монте Карло. Африканскиот куп треба да се одржи од 9.јануари до 6.февруари во Камерун.

Ситуацијата со коронавирусот, поточно со најновата негова мутација, која Светската здравствена организација ја нарече омикрон, ги натерала челниците на Африканската конфедерација на размислување да го откажат турнирот.

„Она што се шпекулираше изминатите недели, деновиве станува реалност. Според нашите извори, Африканската конфедерација би можела да објави дека турнирот нема да се одржи“, објави Радио Монте Карло.

Овој извор додава дека неколку селектори ја најавиле оваа можност.

Европската асоцијација на фудбалери со писмо ја известила Фудбалската конфедерација на Африка, дека поради поради недостатоците во заштитата од коронавирусот, европските клубови немале намера да ги пуштат своите фудбалери на играат на турнирот.

Кога станува збор за фудбалерите од европските клубови, тие сакаат да играат, но оние кои играат во Англија, на враќањето ќе се соочат со проблеми. Според правилата тие по враќањето во Англија ќе треба две недели да бидат во карантин, што само ќе го продолжи отсуството од нивните клубови.

Share
Scroll to Top