Google ја објави Best Apps листата за најдобри апликации во текот на 2020 година. Genshin Impact е најдобар во категоријата Best Game for Android, додека во Best Apps категоријата Најдобри апликации доминираат решенија за работа од дома – апликација за ментално здравје и благосостојба, готвач со рецепти и Microsoft Office пакетот.
Google го даде својот глас за најдобра игра во 2020 година за Genshin Impact, додека корисниците гласаа за Spongebob: Krusty Cook-Ofф. Најдобра компетитивна игра е Brawlhalla, а ја следи Bullet Echo. Кога станува збор за генералните апликации, Disney+ е избран за апликација по избор на корисниците за 2020 година.
Best Apps категоријата е поделена на неколку подкатегории, а сите беа под влијание на изолацијата и актуелната пандемија што ја одбележа 2020 година. На пример, Best Hidden Gem е Cappucino – интересна платформа за споделување двоминутни аудио клипови со пријателите. Best Everyday Essentials ја освои Calmaria.
Google Play ги прогласи и најдобрите филмови, серии, книги и аудио книги. Jumanji i Yellowstone се најдобро продаваниот филм и серија, додека најдобра книга е Midnight Sun.
Комплетниот список на линковите за преземање на најдобрите апликации за оваа година можете да го видите ТУКА.