Реми со шест гола во дербито Баерн-Лајпциг

Реми со шест гола во дербито Баерн-Лајпциг

пред 4 години

Нерешено, со шест гола (3:3), заврши дербито во Бундес лигата помеѓу Баерн и Лајпциг. По десет кола Баерн има два бода повеќе од Лајпциг на табелата.

Неверојатно квалитенот и возбудливо дерби одиграа Баерн и Лајпциг. Особено тоа важи за првото полувреме, кога беа постигнати четири гола.

Нкунку, во 18 минута ја искористи лошата проценка на Нојер и погоди за 0:1. Баерн потоа за четири минути направи пресврт. Најпрвин младиот Мусиала израмни во 30.минута, а потоа Милер погоди во 34. Само две минути подцна израмни Клајверт.

Само што започна второто полувреме, Лајпциг ја врати предноста. Форсберг погоди за 2:3.

Предноста Лајпциг ја имаше до 75.минута кога Милер со својот втор гол го постави конечниот резултат.

Share
Scroll to Top