Мистериозна болест се појавила во Индија

пред 5 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Официјални лица во Индија, ја истражуваат причината за појавата на неидентификуваната болест, поради која, повеќе од 140 луѓе биле хоспитализирани, изминатиот викенд, пренесуваат Курир.рс.

Пациентите имале широк спектар на симптоми од мачнина до напади и паѓање во несвест, пренесува „Би-би-си“. Лекарите објасниле дека голем дел од нив, се опоравиле и брзо биле отпуштени.

Локалните медиуми велат дека пациентите направиле тестови на коронавирус, кои биле негативни.

„Луѓето кои се разболеа, особено децата, изненадувачки почнаа да повраќаат, откако претходно се пожалија дека очите им гора. Некои од нив се онесвестија или претрпеа напади“, изјавил еден од медицинските службеници во државната болница Елур, за „Индиан Екпрес“.

Share
Scroll to Top