Камионот од кој биле украдени два тона марихуана оставен блиску до преминот Блаце

пред 4 години

Ова е камионот од чија приколка беа украдени 200 кутии со два тона канабис, а кој сега е оставен на паркинг на патот кон граничниот премин Блаце.

Кражбата на двата тона канабис се случи во петокот, а полицијата уште во саботата го лоцирала камионот, но без приколката.

Складот од каде била изнесена марихуаната бил со обезбедување и во дел од селото каде немало поголемо движење на луѓе, а движењето во тој реон и не било дозволено од безбедносни причини.

Погонот ги имал сите лиценци за производство на марихуана и преработка за потреби за производство на масло.

МВР од синоќа спроведува голема акција во Арачиново и околината каде е пронајдена голема количина марихуана, но се уште нема детали од полицијата, иако според неофицијални информации се работи токму за дрогата украдена од погонот во вландовсвко Јосифово.

Share
Scroll to Top