417 возачи казнети за брзо возење

пред 3 години

По засилените сообраќајни контроли на територијата на целата држава во текот на вчерашниот ден за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, биле изречени казни за 417 возачи. Kако што нагласуваат од МВР, од нив, 37 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Полициските служби најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Share
Scroll to Top