Поради кражба приведени две лица од Куманово, украденото подоцна е вратено на сопственикот

пред 3 години

Две лица од Куманово се сомничат дека извршиле кражба во продажен објект, информира министерството за внатрешни работи.

Од таму појаснуваат дека синоќа околу 00.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.Д.(35) и К.А.(27), двајцата од Куманово, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во продажен објект.

При нивен личен преглед и при претрес во домот на Н.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари и разни предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

Предметите и парите биле вратени на сопственикот. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top