Во тракторска несреќа загина 37-годишен кавадарчанец

пред 3 години

Во попладневните часови на 27. октомври било пријавено дека на локалниот пат кон селото Крњево, при вкрстувањето со локалниот пат за кавадаречкото село Барово, се случила сообраќајна незгода со трагичен епиолог.

Како што информираат од МВР, трактор марка „ИМТ 533“, управуван од 37-годишниот Г.Н. од Кавадарци, излетал од коловозот, а трактористот починал на местото на незгодата.

Извршен бил увид од екипа од полициската станица Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Share
Scroll to Top