Османи-Клус: Словачка активно ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија

пред 3 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи се сретна со Првиот државен секретар во Министерството за надворешни и европски работи на Словачката Република, Мартин Клус, кој се наоѓа во работна посета на земјава.

Тие разговараа за состојбата и резултатите на сѐ подинамичната билатерална соработка меѓу двете земји и во тој контекст разговараа и за интензивните активности кои се преземаат за отворање на нашата Амбасадата во Словачка, со седиште во Братислава, што ќе биде дополнителен импулс во зацврстување на меѓусебните односи и за збогатувањето на севкупната соработка.

„ Ние продолжуваме активно да придонесуваме за европската идеја на Балканот, и за европската перспектива како на нашата земја, така и на целиот регион. Очекуваме операционализација на одлуката на лидерите на ЕУ од март 2020, одржување на Првата меѓувладина конференција и формален почеток на преговорите, а радува сознанието дека Словачка е наш силен партнер во ЕУ за реазлиација на ваквата цел“, истакна Османи.

На средбата стана збор и за проектот „Национална Конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија“, во кој учествуваат словачките експерти и чија 4-та сесија ќе се одржи на 29 април. Првиот државен секретар Мартин Клус потврди дека словачката поддршка и експертска помош за нашите евроинтегративни аспирации ќе продолжи со несмалено темпо за да побрзо се усогласиме со сите потребни европски критериуми и вредности.

Посебен акцент во разговорот беше ставен за состојбите во двете земји поврзани со пандемијата и текот на процесот на имунизација на населението, при што министерот Османи се заблагодари за досегашната словачка помош и донации на овој план, што претставува уште еден гест на пријателска држава.

Share
Scroll to Top