Неодобрувањето на преговарачката рамка за земјава од страна на Бугарија е на штета на осовните принципи и вредности на кои почива Европската Унија, сметаат од владејачката СДСМ.
„Бугарија застана на патот на нашата европска интеграција за која претходно, во повеќе наврати, институциите на ЕУ и сите останати земји членки одделно, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите“, се наведува во партиското соопштение.
Од партијата нагласуваат дека Северна Македонија никогаш нема да се откаже од правото на самоопределување на македонските граѓани.
„Ветото од Бугарија нема да нè обесхрабри, нема да дозволиме застој на внатрешните реформи што се за доброто на нашите граѓани и нашата држава. Напротив, Владата, државните инстуции, ќе го засилат темпото и ќе ја зголемат предноста во реформи што Северна Македонија ја има во однос на државите од регионот“, наведуваат од владејачката партија од каде додаваат дека додека се тие на власт остануваат на истиот стратешки колосек.